Во текот на вчерашниот ден неколку грчки медиуми ги објавија изјавите на таткото и мајката на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој загина во навивачкиот конфликт што се случи ноќта кон вторникот во Атина. Таткото на загинатиот навивач во секоја своја изјава потенцираше дека „само сака да се поздрави за последен пат со својот син и да чека убиецот да биде фатен“.
Сега грчкиот портал „Newsbomb“ пишува дека таткото на Кацурис денеска се онесвестил и завршил во болница. Таму било утврдено дека имал напади на паника предизвикани од шокот што го доживеал кога дознал за смртта на неговиот син.
Тој ќе преноќи во болница, а истиот медиум јавува дека во овој момент најверојатно лекарите нема да му дозволат да присуствува на последното збогување на сопствениот син бидејќи сметаат дека тоа е преголем ризик по здравјето. Исто така, се наведува дека мајката на убиениот навивач има здравствени проблеми, поточно со срцето, но сѐ уште не е хоспитализирана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













