Connect with us

Вест Хем го доведе Едсон Алварез од Ајакс

Вест Хем официјално го објави потписот на играчот од средниот ред на Ајакс, Едсон Алварез. 25-годишниот Мексиканец пристигнува кај „чеканите“ за сума од 38 милиони евра, која со можни бонуси може да достигне 41 милион.


Алварез потпиша за Вест Хем во следните пет сезони, ќе го носи дресот со број „19“ и се очекува да го замени Деклан Рајс, кој беше продаден на Арсенал.


Алварез е во Ајакс од јули 2019 година. Во последната сезона тој постигна четири гола и забележа три асистенции на 44 натпревари за тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови