
Реал Мадрид доживеа тежок удар непосредно пред почетокот на сезоната во Ла Лига. Клубот објави дека еден од најдобрите светски голмани Тибо Куртоа ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено, поради што белгискиот интернационалец ќе мора да оди на операција во наредните денови.
Како што е познато, овој тип на повреди е меѓу најтешките во фудбалот, а за опоравување обично е потребен период од најмалку половина година.
Минатата сезона, 31-годишниот Куртоа беше редовен стартер за Мадрид со 49 настапи во сите натпреварувања. Другата опција на тренерот Карло Анчелоти за голманската позиција е Андриј Лунин, кој има само 17 настапи за првиот тим на клубот.
Затоа, најверојатно „кралевите“ ќе ги искористат преостанатите денови од трансферниот период за да најдат нов стартен голман, а во меѓувреме Украинецот ќе стартува на саботната пресметка со Атлетик Билбао од првото коло на Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
