Connect with us

Интер сака да го врати Марко Арнаутовиќ по повеќе од една деценија

Најдобриот стрелец на Болоња, Марко Арнаутовиќ е уште една опција за засилување на нападот на Интер, пренесуваат италијанските медиуми.


Доколку искусниот напаѓач биде потпишан, тоа ќе биде негов втор период во миланскиот гигант по сезоната 2009/10. Австрискиот репрезентативец тогаш беше позајмен од Твенте, но одигра само три натпревари под водство на Жозе Мурињо.

Според „Скај Спортс“, идејата на „нероаѕурите“ е да го земат и него и Фоларин Балогун од Арсенал, но да се разделат со Хоакин Кореа.

Болоња одреди цена за Арнаутовиќ од 10 милиони евра, но ниту Интер, ниту конкурентот за потписот на ветеранот, Рома, не се подготвени да ја платат оваа сума. Затоа, преговорите за него би можеле да се случат само доколку се намали бараната сума.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови