
Челси испратил понуда од 48 милиони фунти за играчот од средниот ред на Саутемптон, Ромео Лавија, пренесуваат британските медиуми. 19-годишниот Белгиец е желба на Ливерпул, кој упати три понуди до „светците“, но сите беа одбиени, а последната е вредна 45 милиони фунти.
Очигледно, во битката за Лавија сега се приклучува и Челси, а „сините“ од Лондон сакаат да се засилат со уште еден играч од средниот ред. Се очекуваше тоа да биде Мојсес Каиседо од Брајтон, но преговорите со „галебите“ заглавија. Челси е заинтересиран и за играчот од средниот ред на Лидс, Тајлер Адамс.
Саутемптон сака да добие 50 милиони фунти за својот млад талент, а сѐ уште не е јасно дали ќе ја прифатат најновата понуда на Челзи за него. Во изминатата сезпна, Ромео Лавија одигра 35 натпревари, со еден гол и една асистенција за „светците“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
