
Бенфика е новиот освојувач на португалскиот Суперкуп. Шампионот на Португалија се радуваше со трофејот, откако во финалето го совлада големиот ривал и освојувач на националниот куп, Порто со 2-0.
Победата за лисабонските „орли“ ја најави ветеранот Анхел Ди Марија кој го отвори резултатот во 61. минута. Тој доби додавање на работ од шеснаесетникот и шутираше во далечниот агол од голот за 1-0.
ÁNGEL DI MARÍA WHAT A GOAL IN THE FINAL AGAINST PORTO!! 🏆
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) August 9, 2023
pic.twitter.com/naFMyULCRx
Вториот гол дојде само седум минути подоцна. Рафа Силва продре од десната страна и му додаде на Петар Муса околу пеналтикот, а тој погоди за 2-0.
Бенфика по деветти пат во својата историја го крена овој трофеј, израмнувајќи се со другиот голем ривал Спортинг. Сепак, двата тима остануваат далеку од успесите на Порто, кој има 23 Суперкупа во витрините.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
