Connect with us

ЛШ: Галатасарај и ПСВ блиску до плејоф, нов успех на Клаксвик

Галатасарај и ПСВ Ајндховен се блиску до пласман во плеј-оф колото во квалификациите за ЛШ. Галатасарај славеше со 0-3 на гости кај Олимпија Љубљана, а ПСВ Ајндховен на домашен терен го победи Штурм со 4-1. 

Актуркоглу, Мертенс и Дервишоглу беа стрелци на головите за Галатасарај, а двоен стрелец за ПСВ беше искусниот Лук де Јонг. Погодија и Бабади и Сангаре. 

Тимот на Клаксвик од Фарски Острови, хитот во овој дел од квалификациите, оствари уште еден успех. На домашен терен победи со 2-1 против Молде, со двата гола на Арни Фредериксберг. 

Брага ја победи ТСЦ со 3-0, додека Копенхаген и Спарта Прага одиграа без голови.   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови