
Работнички го победи Шкупи со 3-1 во последниот дуел од првото коло во новата сезона во Првата фудбалска сезона. Атдхе Мазари во првата минута го отвори резултатот откако со глава погоди по центаршутот на Влатко Стојановски. Шкупи имаше можност за израмнување преку Трапановски во 23.минута, но Алексовски успеа да одбрани.
Во 62.минута, Шкупи дојде до израмнување со погодокот на Дарко Илиески. По корнер, топката беше префрлена на втор дирек каде се најде стоперот на Шкупи.
Сепак, Работнички успеа да постигне победнички погодок.
Во 81.минута беше досуден пенал по прекршокот над Георг Стојановски.
Мевљан Мурати беше успешен реализатор за 2-1. Во судиското продолжение, Георг Стојановски постигна трет погодок за потврда на триумфот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
