
Работнички утре (17 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ја отвора новата сезона во Првата фудбалска сезона. Противник е Шкупи, кој веќе е во натпреварувачки ритам поради настапите во Конференциската лига на УЕФА.
Тренерот Милан Илиевски вели дека тимот е подготвен за првенствениот старт и очекува тежок и неизвесен натпревар против Шкупи.
„Имаме максимален респект за Шкупи, тие се во натпреварувачки ритам, а ние допрва ќе фаќаме залет. Мислам дека одработивме одлични подготовки, игравме против силни екипи и тоа требаше да биде вистинска увертира за првенствените предизвици што нѐ очекуваат. Верувам дека ќе се претставиме во добро издание и очекувам тежок и неизвесен натпревар. Кога ќе почне првенството, тогаш секако дека бодовите се најважни, а ние ќе сториме сѐ да стигнеме до позитивен резултат на стартот“, вели шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски, за официјалниот сајт на клубот.
Мечот меѓу Работнички и Шкупи е закажан за утре, со почеток во 17 часот на стадионот „Борис Трајковски“, а главен судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
