
Македонскиот првак Струга Трим Лум го победи црногорскиот шампион Будуќност со 1-0 во првиот меч од втората рунда од Конференциската лига на УЕФА. На дуелот на „Билјанини извори“ во Охрид, стружани имаа доминација речиси во текот на целиот меч, но постигнаа само еден гол. Стрелец беше Бесарт Ибраими во 30.минута, на асистенција на Марјан Радески.
Во првиот дел, Радески и Ибраими уште по една можност да ја затресат мрежата на гостите, но не беа доволно прецизни, а идентично продолжија и во второто полувреме.
Мирковиќ во 70.минута ја имаше посериозната закана кон голот на Ќосевски, но, сепак, не беше прецизен.
Будуќност со релативно добар резултат си оди дома во Подгорица на реваншот, со оглед што прикажаа црногорските фудбалери на овој прв меч во Охрид. Од друга страна, Струга ТЛ ја слави првата европска победа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal