Процесот за лиценцирање на прволигашките клубови конечно заврши, условите ги исполнија и Вардар и Воска, па сите 12 екипи ќе бидат утре, во 11 часот, на ждребот за распоредот на натпреварите во Првата лига, за сезоната 2023/24.
„По комплетирањето на процесот за лиценцирање и донесените одлуки, Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ го закажа извлекувањето на распоредот на натпревари (Календар на натпревари за ПРВА МФЛ, натпреварувач
ка сезона 2023/24) во четврток, 27. јули во 11:00 часот во „Куќа на фудбалот“, велат од ФФМ.
Лиценци за учество во Првата фудбалска лига на Македонија им е издадена на следните клубови: ФК АП Брера АД – Струмица, ФК Брегалница 2008 АД – Штип, ФК Вардар АД – Скопје, ФК Воска спорт АД – Охрид, ФК Гостивар АД – Гостивар, ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје, ФК Работнички АД – Скопје, ФК Силекс АД – Кратово, ФК Струга Трим Лум АД – Струга, ФК Тиквеш 1930 АД – Кавадарци, ФК Шкендија АД – Тетово, ФК Шкупи 1927 АД – Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













