
Драги Канатларовски беше дел од селекцијата која ја оствари првата историска победа за Македонија во Крањ, а по завршувањето на кариерата и двапати беше селектор на националниот тим. Добро знае што значи да се има поддршка, и вели дека репрезентацијата треба да ја добива максимално од сите Македонци, вклучувајќи ги и сите фудбалски работници.
„Репрезентацијата треба сите нас да не обединува. Сите треба да и даваме поддршка, и тоа безрезервна, во секој момент. Тоа фудбалерите и стручниот штаб го чувствуваат, и една таква хемија може многу позитивно да делува и на резултатите. Ние Македонците секогаш сакаме многу да критикуваме, но треба да научиме и да го сакаме националниот тим, да изградиме култ за да ги бодриме фудбалерите. И во добро и во лошо, тие се наши, и ја претставуваат Македонија, и бидете сигурни дека тоа го прават најдобро што знаат умеат“, вели Канатларовски.
Популарниот Цапар е еден од почесните гости на ФФМ на патувањето во Словенија. Среќен е поради успесите на репрезентацијата во последниот период и смета дека оваа генерација има квалитет за да направи нешто повеќе во европски рамки.
„Имаме одлична генерација, еден спој на младост и на искуство. Тука е Горан Пандев кој е неприкосновен лидер, за него е доволно само да го изговорите името, фудбалските квалитети се неспорни. Но, се радувам дека доаѓа и еден нов бран на млади и квалитетни фудбалери кои треба да го наследат Пандев и во овие моменти да црпат од неговото искуство. Евидентно е дека има и одлична хемија во националниот тим, и сето тоа придонесува и за добри резултати. Стартувавме со победа против Летонија и искрено се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат и вечерва против Словенија“, истакнува популарниот Цапар.
Покрај него, почесни гости на ФФМ се и Зоран Бошковски Чоко и Неџмедин Мемеди, а дружината од поранешни репрезентативци ја прошируваат и Арџент Беќири, Светозар Станковски и Марјан Стојкоски, кои се дел од структурите на федерацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
