Македонскио прволигаш Брера ремизираше со Теута Драч (2-2) на подготовките во Банско Бугарија.
Ване Крстевски го отвори резултатот, а потоа Теута преку два пенали дојде до пресврт. Сепак, Иван Галевски го постави конечниот резултат на овој меч.
„Можевме да оствариме и победа. Но морам да потенцирам дека нашата цел е ,,новата игра“ што ни ја наметна новиот стручен штаб. Задоволен сум како течат подготовките. Само треба да продолжиме во овој правец и сметам дека подготвени ќе го стартуваме новиот шампионат“, изјави по мечот капитенот на Брера Струмица, Марио Врдољак.
Брера на 21 јули го игра следниот пријателски натпревар против репрезентативниот состав на Киргистан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













