
Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски денеска имаше успешна хируршка интервенција на коленото во Белгија, по која најавена е пауза од фудбалските терени во следните три месеци за фудбалерот на унгарски Ференцварош.
По проблемите со повредата изминатиов период, за Спировски неизбежна беше хируршката интервенција која се реализираше во една од најпрестижните клиники во Европа, како македонскиот фудбалер потоа би можел и во најкратко можен период да се врати на терените.
„Среќен сум што се мина во најдобар ред. Верувам дека ќе се вратам уште посилен на фудбалските терени“ – порачува Стефан Спировски од Белгија.
Спировски ќе мора да го прескокне и јунскиот репрезентативен собир од квалификациите за ЕП 2020, но се очекува да се приклучи на својот тим веднаш на летните подготовки за стартот на следната натпреварувачка сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal