Connect with us

„Покер“ на Реналдо Цефас – „Петарда“ од Шкупи за Хегелман

Шкупи е веќе во следното коло од Конференциската лига и ќе се пресметка со бугарскиот тим Левски откако вечерва во Каунас го декласира литванскиот тим Хегелман со 0-5.

Реналдо Цефас играше „покер“ со ривалот и стрелец на четири гола.

Валид Хамиди не доби влезна виза за Литванија, но Реналдо Цефас речиси сам беше подобар од доаќинот. 

Реналдо Цефас во 11.минута го отвори резултатот, а Куевен зголеми на 0-2 во 23.минута. Реналдо Цефас постигна трет гол за Шкупи непосредно пред одморот.

Реналдо Цефас уште двапати ја тресеше мрежата на Хегелман, во 56. и во 62.минута.  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови