Connect with us

Хари Кејн донел одлука, сака трансфер во Баерн Минхен

Хари Кејн е сѐ поблиску до трансфер во Баерн Минхен. Според извори на „Билд“, најдобриот играч на Тотенхем веќе се договорил за трансфер и доаѓање во актуелниот германски шампион, а за реализација треба и челниците на клубовите да ја договорат за висината на трансферот.


Кејн не размислува да се пресели во друг клуб, тој се договорил со Баерн. Убеден е дека со овој клуб може да ја освои Лигата на шампионите“, пишува „Скај Спорт“.

Капитенот на Англија за Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна 280 голови. Тој е вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер – лигата по Алан Ширер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови