Македонскиот прволигаш Шкупи го одржа официјалникот тренинг на литванско тло и е подготвен за утрешниот натпревар против Хегелман, прв дуел од воведното коло од Конференциската лига.
Проблемите со добивањето виза за Валид Хамиди му направија проблеми на тренерот Џихат Арслан.
„Пред сѐ, морам да кажам дека ни претстои тежок натпревар, пред нас имаме новоформирана екипа која стигна до европските натпреварувања, екипа која сака да биде успешна во Европа. Ние сме тим со квалитетна група играчи, сакаме да постигнеме добар резултат на теренот. Инаку, имавме проблем, Валид Хамид не можеше да дојде со нас бидејќи потребните институции не му дадоа виза. Мислам дека политиката треба да се држинастрана од спортот. Валид не е со нас овде, жал ни е поради тоа. Но, играчите кои ќе ги избереме ќе го покријат местото на Валид, а ние ќе излеземе на терен за да победиме“, изјави Арслан.
За утрешниот натпревар зборуваше и капитенот и голман на тимот, Артан Иљази.
„Утре нѐ очекува тежок натпревар, нормално ние како екипа сме максимално подготвени и се надеваме дека со позитивен резултат ќе се вратиме во Скопје“.
Со тимот не отпатува и левиот бек Блертон Шеји, кој беше повреден уште од подготвителната фаза во Болу, Турција, додека неговото враќање се очекува да се случи на реваншот во Скопје.
Натпреварот меѓу Хегелман и Шкупи се игра в четврток, со почеток во 19 часот, во Каунас.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski