
Македонскиот прволигаш Работнички ја засили одбраната со искусниот дефанзивец Егзон Белица.
Тој по цели 12 години повторно се враќа во клубот. Играше за „романтичарите“ во сезоната 2010/11 и беше стартер на мечевите против англискиот премиерлигаш Ливерпул, а потоа градеше интернационална кариера.

Егзон Белица потпиша двегодишен договор со Работнички, а доаѓа од косовскиот тим Приштина.
„Имам убави сеќавања од Работнички, тогаш како млад фудбалер кој допрва се докажуваше и доби голема шанса на европските натпревари против Ливерпул. Сега сум повторно тука, дојдов за нови успеси со клубот“, изјави Егзон Белица за официјалниот сајт на клубот.

Белица (32) во Македонија играше и за Шкендија и за Охрид Лихнидос, а интернационалната кариера ја градеше во Беса Каваја, Конкордија, Интер Турку, Рига, Партизани Тирана и Приштина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal