Легендата на македонскиот фудбал и извршен директор на ФК Пелистер, Митко Стојковски, се огласи по повод инсинуациите кои се појавија против клубот.
„На излагањата на советот на општина Битола, комисиите и преку медиумите и социјалните мрежи изнесени се невистини и инсинуации заради кои се чувствувам лично, но и како генерален извршен директор на ФК Пелистер повикан да се огласам.
Изјавите дека клубот има 60, 70, 80 технички лица на платен список се голема лага. Одговорно и транспарентно стоиме на располагање за верификација на нашите тела. Да нема непотребни и злонамерни лаги и провокации јавно обелоденуваме колку лица се ангажирани во клубот:
- 28 фудбалери;
- 4 лица – стручен штаб на Првиот тим;
- 2 лица – оперативен техничко-спортски персонал (Прв тим);
- 12 лица – тренери во Пионерско-младинската школа на клубот;
- 2 лица – оперативен техничко-спортски персонал (Пионерско-младинска школа);
- 2 лица – администрација;
- 5 лица – медицински персонал (2 доктори и 3 физиотерапевти);
- 1 лице – Комесар за безбедност;
- 1 лице – економат;
- 2 лица – одржување на терен.
- Голем дел од овие наши членови работат за минимална плата и ниски хонорари. Сите информации за висината на примањата на вработените и ангажираните лица во клубот се јавно достапни од причина што за сите средства кои што клубот ги добива од Општината поднесуваме детален извештај (пропратен со банкови изводи) преку архивата на општина Битола за тоа како се потрошени средствата, а ако за тоа има потреба, спремен сум и детално да ви ги образложам во советот на Општина Битола.
- Оваа бројка на луѓе сметаме дека е оптимална за ова ниво и оваа категорија на клубот. Нашите амбиции се поголеми и веруваме дека како ќе расте клубот, ќе се зголемуваат и ангажираните лица во клубот и нивните примања.
- Јас и сите останати членови на Управниот одбор на ФК Пелистер работиме волонтерски и не го оптеретуваме клупскиот буџет за ниту еден денар“, се вели во соопштението на Митко Стојковски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski