
Македонскиот прволигаш Шкупи објави ново соопштение во кое ги објасни причините за недобивање виза за фудбалерот Валид Хамиди. Доцнењето на процедурата за влезна виза за Литванија е поради тоа што играчот бил Алжирец.
Од Шкупи побарале одложување на мечот со Хегелман поради овој случај.
„Проблемот нашиот играч Валид Хамиди што го има при добивањето виза, информирани сме дека доцнењето настанало поради тоа што нашиот играч е Алжирец. Во денешниот свет, трагикомично е фудбалер да биде спречен или да задоцнува да учествува на меѓународен турнир поради таква причина. Ова е меѓународен турнир и ова е наш играч! Жално е што политиката има толку негативен ефект врз фудбалот. Не треба да се заборави дека за еден фудбалер е многу важно да учествува во вакво натпреварување, за ова се одговорни оние кои го спречуваат и оние кои не си ја вршат својата должност.
Поради овој бесмислен проблем со визата, нашиот клуб испрати барање за одложување на натпреварот до УЕФА бидејќи не е фер кон нас. Исто така, од името на нашиот клуб сакаме да му се заблагодариме на г. Бујар Османи, министер за надворешни работи на Македонија и г. Сервет Јардимчи, член на Управниот одбор на УЕФА, кој се обиде да ни помогне во овој процес.“, стои во новото соопштение на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
