Фудбалерот на Шкупи, Валид Хамиди, повторно има проблем со еден од најдобрите фудбалери. Алжирецот не е дел од експедицијата во Литванија, затоа што нема влезна виза. Шкупи утре ќе игра против Хегелман, а клубот сѐ уште се обидува да го реши проблемот, но и реагира. Истото се случи и минатата сезона, кога Шкупи гостуваше на Гибралтар.
„Доста е! ФК Шкупи е екипа од оваа земја. Како клуб ние во Европа ја претставуваме Република Северна Македонија. Кога сме на само еден ден до првиот натпревар во Конференциската Лига, се уште не сме добиле патна виза за еден од нашите најважни играчи, Валид Хамиди.
За жал, со денови сме оставени сами на себе во напорите да се справиме со овој проблем. Ниту Фудбалската федерација на нашата земја, ниту некој друг функционер не се приклучи да ни помогне. За да се реши овој проблем, се вклучија Фудбалската Федерација на Литванија и УЕФА, но се уште не добивме позитивен одговор, останувајќи уште еднаш без поддршка од нашата земја.
Треба добро да се знае и да се разбере дека целта на создавањето на Фудбалската федерација е да им служи на фудбалот и фудбалските клубови. Ги прашуваме надлежните, дали е правилно да се остави клуб сам во толку важен момент?
Како резултат на секое достигнување во Европа, успехот е и на Република Северна Македонија. Не можеме да разбереме зошто на фудбалер не му се дава виза за патување на фудбалски натпревар“, велат од Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski