Connect with us

Гандо Биала уште две години во Работнички

Напаѓачот Марселин Гандо Биала ја продолжи верноста кон Работнички за нови две години. Тој стави потпис на нов договор и ќе го носи дресот на „романтичарите“ до јуни 2025 година, објави клубот на официјалниот сајт.


Гандо Биала пристигна во Работнички минатото лето и во сезоната што измина одигра 24 натпревари, постигнувајќи шест гола.

Камерунецот кариерата ја почна во домашните клубови Униспорт Бафанг, Астрес и Њу Стар, а првиот негов клуб на европско тло беше Левадија Талин. Потоа играше и во кипарскиот клуб Енозис, а во Работнички пристигна од египетскиот клуб Петроџет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови