
Саудискиот клуб Ал-Хилал е подготвен да му понуди одлични услови на фудбалерот на Галатасарај, Николо Заниоло, тврди „Газета дело спорт“.
На 24-годишниот Италијанец му понудиле 120 милиони евра за четири години за да се пресели во Саудиска Арабија.
Офанзивниот играч за врска сѐ уште не е сигурен дали ќе ја прифати понудата, а има и откупна клаузула од 35 милиони евра, што не би било проблем за Саудијците.
Заниоло дојде во Галатасарај во зимскиот преоден рок од Рома за сума од 16,5 милиони евра. За турскиот клуб одигра 11 натпревари и постигна пет гола, блескајќи со два гола на големото дерби против Фенербахче (3-0). Интерес за него покажува и Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
