Освојувачот на Купот, тимот на Македонија ЃП, утре во 17.30 часот на комплексот на ФФМ го пречекува летонскиот претставник РФС Рига во воведниот меч од квалификациите во Конференциската лига. „Лавовите“ го респектираат противникот, но и се надеваат дека можат да излезат како победници на крајот од двомечот.
„Мора да бидеме мудри и внимателни. Го анализиравме противникот, тие се цврста екипа со квалитетни индивидуалци која има одлични резултати во домашното првенство. Но, и ние имаме желба и квалитет да се надигруваме и да се обидеме да оствариме резултат што го посакуваме“, изјави тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов.
Капитенот Филип Мишевски вели дека тимот ќе мора да одговори на агресивната игра на противникот, посебно во средниот ред.
„Мора да бидеме агресивни, да одговориме идентично на нивниот стил на игра, посебно во средниот ред. РФС Рига е квалитетен тим, нема пораз на повеќе од 20 последовни натпревари, но ќе се дадеме сѐ од себе утре да ги поразиме во Скопје“, истакна Мишевски.
Натпреварот се игра од 17.30 часот, веројатно по екстремни жештини, па и тоа ќе биде уште една пречка за двете екипи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski