
Светската фудбалска ѕвезда Лионел Меси пристигна на Флорида за да го потпише договорот со Интер Мајами. Аргентинецот пристигна со приватен авион на аеродромот Форт Лодердејл и беше придружуван од неговото семејство. Тој ќе стави потпис на договор на две и пол години вреден 60 милиони долари по сезона.
„Среќни сме со одлуката што ја донесовме“, изјави Меси. „Мојот менталитет и дух нема да се променат и ќе се обидам да дадам максимум за мојот нов клуб и да продолжам да играм на највисоко ниво“, додаде 36-годишниот фудбалер.
🚨 Leo Messi has arrived in Miami. 🇦🇷🛬🇺🇸
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 11, 2023
(🎥 @SC_ESPN)pic.twitter.com/hjmbJWKCvm
Меси беше пречекан од десетици навивачи пред стадионот на Интер Мајами.
„Како да ја заборавам ноќта кога дознав дека доаѓа Лионел“, пееја тие.
Меси е најголемиот играч што дошол во МЛС лигата откако Пеле пристигна во Њујорк Космос во 1975 година.
Лионел Меси треба да биде претставен со неговиот поранешен соиграч од Барселона, Серхио Бускетс, а се очекува да им се придружи и Жорди Алба. Американскиот клуб, кој е во косопственост на Дејвид Бекам, неодамна го објави назначувањето на тренерот Херардо „Тата“ Мартино.
Меси треба да дебитира за тимот на 21 јули против мексиканскиот Круз Азул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
