Connect with us

ПСЖ го сака Влаховиќ како замена за Килијан Мбапе

Судбината на Душан Влаховиќ (23) сѐ уште е неизвесна по големиот интерес на европските клубови и намерата на Јувентус ова лето сериозно да заработи.


За српскиот репрезентативец се заинтересира и Пари Сен Жермен, кој веќе се распрашал за условите на играчот и отштетата што ќе ја бара Јувентус.


Парижаните имаат неколку различни опции за нападот кога се во прашање засилувањата, но сѐ ќе зависи и од евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе кој влегува во последната сезона од договорот.


Постои ризик следното лето францускиот интернационалец да го напушти Париз без отштета и да се пресели во Реал Мадрид, поради што ПСЖ размислува за негова продажба во следните два месеци.


Доколку тоа се случи, главен кандидат за негов наследник ќе биде Влаховиќ. Јувентус плати 80 милиони евра за Србинот, па тешко дека неговата преселба во „градот на светлината“ би чинела помалку.


Арсенал, Баерн Минхен, Челси, исто така се заинтересирани за Душан Влаховиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови