
Македонскиот првак Струга Трим Лум се враќа непоразена од Вилнус откако одигра реми без голови против литванскиот тим во првиот меч од воведното коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Тренерот Шпетим Дуро посакуваше ваков резултат на дебито на стружани во елитното европско натпреварување и тимот успеа да го оствари.
„Задоволни сме, секако, за нас ова беше прв меч воопшто во квалификациите за Лигата на шампионите. И двата тима свои шанси, можеше да има и победник, но ние ја остваривме целта овде во Вилнус. Сепак, како што реков и пред почетокот, патникот во следната рунда ќе се решава во реваншот. Сега ќе биде уште поважно да одиграме уште подобро на натпреварот во Охрид за седум дена“, изјави Шпетим Дуро по дуелот со Жалгирис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
