
Македонскиот првак Струга Трим Лум одигра без голови на гости против Жалгирис во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тимот на Шпетим Дуро одигра цврсто во одбраната, а преку Буњамин Шабани во првиот дел, и посебно преку Валентин Кочоски во 86.минута, имаше можност да стигне и до триумф.

Жалгирис беше добро неутрализиран, Хнид имаше убава можност во 15.минута, но Ќосевски одлично интервенираше.
Бопесу можеше во финишот да донесе победа за Жалгирис, но, за среќа на стружани, не беше прецизен.
Патникот во следната рунда ќе се решава на реваншот во Охрид на 18.јули. А наградата за подобриот е дуел против турскиот шампион Галатасарај.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
