
Македонскиот прволигаш Брера го одработи првиот тренинг во Банско, Бугарија, каде ја реализираме втората фаза од подготовките за новата првенствена сезона. Стручниот штаб предводен од Џовано Валенти во наредните 12 дена ќе ја темпира формата на фудбалерите и ќе ја проверува низ четири пријателски натпревари.

На 12. јули, Брера се среќава со Селимбар од Романија откако дојде до промена на противникот. На 17 . јули, втор ривал е Теута од Албанија.

Според планот на 21. јули, тимот на Валенти ќе се сретне со репрезентативниот состав на Киргистан, а втората фаза ќе биде заокружена со пријателски натпревар со Алтин Асир од Туркменистан на 22 јули.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
