
Баерн Минхен може да се раздели со играчот од средниот ред Леон Горецка доколку дојде соодветна понуда, пишуваат германските медиуми. 28-годишниот играч од средниот ред се најде во тешка ситуација по назначувањето на Томас Тухел, кој го остави на клупата на клучните натпревари на крајот од минатата сезона.
Сепак, фудбалерот сака да се бори за своето место, што ќе биде уште потешко по потписот на Конрад Лајмер.
Горецка уживаше под патронатот на сега веќе поранешниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ. Брацо имаше посебен однос со играчот од средниот ред бидејќи тоа беше негов прв трансфер на „Алијанц Арена“.
Договорот на Леон Горецка со Баерн е до летото 2026 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)
