
Македонскиот национален тим од денеска го стартуваше официјалниот делод подготовките за претстојните две квалификациски средби за ЕВРО 2020, против Полска (7. јуни, 20:45) и Австрија (10. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволството што повредените играчи ги надминаа здравствените проблеми и му се ставија на располагање, најавувајќи дека Македонија има потенцијал да ги изненади фаворитите во групата.
„Многупати досега сум потенцирал дека е задоволство да се работи со вакви фудбалери. Крај на сезона е, неколкумина повредени, сите на работ на исцеденост и дадоа сѐ за да бидат подготвени за Македонија. Тоа само покажува за какви фудбалери се работи. Тоа ја покажува љубовта кон дресот и кон Македонија. Целта ја остваривме за првиот дел од подготовките. Тие што имаа повреди ги ставивме на максимум и сега комплетирани може сите да тренираме. Успешно се санирани повредите кај фудбалерите, па сега сакам само да не одминат тие повреди и комплетни да играме и со Полска и со Австрија после тоа. Со сиот респект кон Полска и кон Австрија, но во Скопје паѓале и поголеми репрезентации. Јас само се надевам дека со поддршка од публиката која ќе им даде крилја на овие фудбалери, зашто тие тоа го заслужија, уште еднаш ќе ја израдуваме Македонија“, истакна Ангеловски.
Сличен е ставот и на репрезентативецот Бобан Николов, кој смета дека ако Македонија одигра како што знае, успехот нема да изостане.
„Селекторот многупати ни има кажано дека не е важно против кого играме, туку за што играме и како ние ќе одиграме. Ако излеземе на терен и одиграме како што знаеме и умееме, ако ги исполниме сите задачи, мислам дека никој и никое име не може да не исплаши. Ние сами од себе зависиме. Не чекаме дали противникот ќе има лош ден, туку зависиме од тоа како ние ќе одиграме. Се е до нас“, изјави Николов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола
