Connect with us

Дони ван де Бек сака да си оди од „Олд Трафорд“

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек, сака да го напушти клубот во овој преоден рок. Холанѓанецот никогаш не можеше да се наметне во тимот на „црвените ѓаволи“ и се надева дека ќе најде нов клуб во кој ќе може да игра редовно.


26-годишниот Холанѓанец беше доведен на „Олд Трафорд“ со големи очекувања, но не можеше да ги исполни, бидејќи за ова се виновни и повредите кои го прогонуваа. За „црвените ѓаволи“ има само два гола и две асистенции на 60 натпревари.

Договорот на Ван де Бек е на уште две години, со опција за продолжување за уште една. Сепак, се чини дека играчот нема да го исполни и ќе се пресели во друг клуб, што е можно поскоро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови