Connect with us

Џон Тери се враќа во Челси

Џон Тери се враќа на „Стемфорд бриџ“ и ќе работи во академијата на Челси, објави тој на Твитер.

„Среќен сум што се враќам дома и работам во академијата, продолжувајќи ја мојата улога во клубот“, напиша Тери.


Џон Тери до неодамна беше помошник на Дин Смит во Лестер, но неговиот договор не беше обновен откако „лисиците“ испаднаа од елитата.

Тери (42) последен пат беше дел од лондончани во 2022 година кога беше советник на тренерите во академијата.


Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови