
Хрватскиот интернационалец Ловро Мајер е пред трансфер во Италија. Информациите од Апенините велат дека во Серија А има заинтересирани, а посебно се издвојува Интер.
Николо Барела има понуди од неколку европски гиганти и би можел да го напушти Интер до крајот на летото. Доколку тоа се случи, „нероаѕурите“ ќе реагираат со доведување на хрватскиот играч за врска.
„Мајер, кого многумина во неговата татковина го нарекуваат „новиот Лука Модриќ“, го разбуди интересот на многумина, вклучувајќи го и Интер, кој мора да бара решение за евентуалното заминување на Барела“, пишува „Calciomercato“.
Мајер има договор со Рен до летото 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal