Connect with us

Дејли Блинд потпиша за Џирона

Дејли Блинд кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига во тимот на Џирона. 33-годишниот Холанѓанец потпиша договор со клубот за следните две сезони. Тој пристигнува како слободен играч откако претходно настапуваше за Баерн Минхен, но договорот му истече.


Блинд во последните години стекна големо искуство на европските терени и ќе биде многу вредно засилување за Џирона. Тој ја почна кариерата во академијата на Ајакс, а покрај за холандскиот гигант настапуваше и за Гронинген, Манчестер Јунајтед и за Баерн Минхен.


Има големо искуство во европските натпреварувања, како и со репрезентацијата на Холандија, за која има 101 настап и три постигнати гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови