
Полските репрезентативци ги одработуваат последните тренинзи пред тргнувањето за Македонија, каде в петок ќе се сретнат со нашиот национален тим во рамките од третото коло од квалификациите за ЕП 2020. Многу работи во играта на Полјаците ќе зависат од Пјотр Зиелински, кој по одличните настапи во дресот на Наполи очекува во ист стил да продолжи и во репрезентативниот дрес. Свесен за улогата на фаворит на неговата селекција, Зиелински порача дека за да се стигне до триумф во Скопје клучно ќе биде да се неутрализира Горан Пандев.
„Мораме добро да внимаваме на Пандев бидејќи ако му се остави простор, тој знае да биде многу опасен. Оваа сезона, кога игравме со Наполи против Џенова, одигра извонреден натпревар. Знам дека сите акции на Македонците одат против него, така што ќе мораме да го запреме ако сакаме да победиме. Несторовски и Трајковски исто така се опасни во нападот, има и квалитетни интернационалци како Ристовски од Спортинг, Алиоски од Лидс… Македонија е квалитетна репрезентација, но тоа не ги менува нашите планови и желбата за победа во Скопје. Имаме подобар тим од нив, но свесни сме дека тоа мораме да го докажеме на терен“ – истакна Зиелински.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Комити со кореографија за Кочани (ВИДЕО)
