
Новиот менаџер на Челси, Маурисио Покетино, допрва треба да состави нов тим за да ги нападне трофеите во новата сезона. Лондонските „сини“ се разделија со голем број играчи откако доведоа преку 10 нови имиња и продолжуваат да се засилуваат, купувајќи претежно млади таленти.
„Не е проблем што Челси загуби 10 играчи. Лукаку би требало да се врати за неколку дена на претсезоната. Доколку и понатаму е играч на Челси, како и другите, очекувам да дојде во мојата канцеларија“, изјави Покетино.
Се очекува аргентинскиот стручњак да воведе многу промени, како и да ја промени формацијата на тимот за да го извлече максимумот од своите играчи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
