
Јувентус и официјално го објави ангажманот на Кристијано Џунтоли за нов спортски директор на клубот. Тој потпиша петгодишен договор со плата од 2,5 милиони евра по сезона.
Џунтоли ја зазема функцијата испразнета од Федерико Черубини и ќе биде новиот одговорен за спортско-техничката работа во редовите на „старата дама“.
51-годишниот менаџер досега беше спортски директор на Наполи, со кој минатата сезона стана шампион на Италија. Тој имаше уште една година од договорот, но спогодбено го раскина за да може да се приклучи на торинскиот гигант.
Италијанецот помина осум сезони во Неапол, а претходно работеше во Специја и во Карпи.
Cristiano Giuntoli is with us!
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) July 7, 2023
Giuntoli is our new Football Director. Welcome!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
