
Интер се фокусира на доведување на голманот на Баерн Минхен, Јан Зомер, во случај Андре Онана да замине во Манчестер Јунајтед, пренесува „Скај Спорт“.
Интер ги отворил преговорите со Зомер, кој има договор со Баерн Минхен до летото 2025 година, за потенцијална преселба на „Џузепе Меаца“ ова лето.
Зомер, кој на крајот на оваа година ќе го прослави 35. роденден, во редовите на Баерн е од јануари годинава, кога дојде како итна замена за Мануел Нојер, кој ја скрши ногата на скијање.
Баерн Минхен потроши 9 милиони евра за да го доведе искусниот мрежен чувар во текот на зимскиот преоден рок и во неговиот договор вклучи клаузула која му дозволува да замине за истата сума доколку пристигне таква понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal