
Марко Ројс одлучи дека повеќе нема да биде капитен на Борусија Дортмунд.
„Поздрав до навивачите на Борусија Дортмунд. Имам нешто важно да ви кажам, сакам да го направам тоа лично. Имав доволно време да размислам за време на одморот и решив да ја префрлам капитенската лента на некој друг. Веќе го известив тренерот Един Терзиќ и директорот Себастиен Кел за ова“, изјави Ројс во видеото кое го објави германскиот вицешампион.
„Имав чест да бидам капитен пет години и тоа беше голема привилегија. Ви благодарам за големата поддршка во текот на сите овие години. Сакам Себастиен и Един да најдат добар наследник и сигурен сум дека ќе успеат“, изјави Ројс, кој речиси целата своја кариера ја помина во клубот од Дортмунд, за кој одигра 387 натпревари, постигна 161 гол и забележа 121 асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
