
Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е нов играч на Баер Леверкузен со кој потпиша петгодишен договор до 30 јуни 2028 година, објави бундеслигашот. Според британските медиуми, германскиот тим ќе плати 25 милиони евра обештетување на Арсенал за трансферот на Џака.
Централниот играч за врска веќе ги договори личните услови од договорот со Баер Леверкузен пред неколку недели, но Арсенал не сакаше да го пушти пред да најде соодветна замена.
Заминувањето на Џака од северен Лондон се поврзува со доаѓањето на англискиот репрезентативец Деклан Рајс од Вест Хем во Арсенал.
„Со Гранит добивме врвен професионалец. Неговите фудбалски вештини се познати насекаде. Сепак, има малку играчи кои благодарение на нивната личност и менталитет можат да го водат тимот толку убедливо“, рече спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес во соопштението за медиумите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal