Connect with us

Реал Мадрид ќе го купи Мбапе за 200 милиони евра, а ПСЖ ќе го доведе Дембеле како негова замена

Раководството на Пари Сен Жермен на секој можен начин го притиска Килијан Мбапе во обид да го убеди да потпише нов договор. Вчера претседателот на францускиот гигант Насер Ал-Kелаифи јавно објави дека нема опција напаѓачот да си замине како слободен играч, а акциите на парижаните се насочени токму во оваа насока.


Според „Скај Спорт“, газдите на ПСЖ се свесни дека нема да постигнат ништо од позиција на сила и посегнале по друга стратегија. На Мбапе му било кажано дека доколку не се согласи да го продолжи договорот барем до 2025 година, клубот ќе биде принуден да продаде некои од своите ѕвезди.

„Л’Екип“ открива дека раководството на ПСЖ на 3 јули испратило писмо до Мбапе во кое го наведува својот цврст став дека тој мора повторно да потпише или ќе биде продаден до крајот на летото. Напаѓачот бил поканет на состанок за да се бара решение кое ќе биде корисно за двете страни. Исто така, францускиот репрезентативец доби ултиматум до 31 јули да донесе конечна одлука.

На крајот на јуни самиот играч го известил клубот дека нема намера да ја искористи клаузулата за продолжување на договорот за уште една сезона. Неговата намера е да остане во ПСЖ до следното лето, а потоа да се пресели во Реал Мадрид како слободен агент.

„Кралскиот клуб“ внимателно ја следи ситуацијата и не е исклучено и сега да го привлечат светскиот шампион, но за оваа цел ќе треба да платат околу 200 милиони евра. Мбапе во Реал Мадрид би заработувал 50 милиони евра по сезона, плус бонуси, а би потпишал петгодишен договор.

ПСЖ размислува и за опцијата Мбапе да замине ова лето. Тогаш ќе го купи Осман Дембеле од Барселона. Тој има договор до јуни 2024 година и откупна клаузула од 50 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови