
Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, е оптимист дека нашиот национален тим ќе успее да стигне до позитивен резултат на утрешниот квалификациски натпревар против Полска.
„Како и на сите претходни натпревари, ние ќе излеземе на терен за да се бориме, да стигнеме до позитивен резултат. За мене нема сомнеж дека моите фудбалери ќе го остават последниот атом од силите за да стигнат до успех. Знаеме кој ни доаѓа, доаѓа квалитетна селекција, која нѐ мотивира и против која сакаме да докажеме дека вредиме, а на крај да се избориме за позитивен резултат. Овие фудбалери покажаа дека се спремни да гинат за Македонија“, истакна Ангеловски на денешната прес-конференција.
Главна опасност по нашиот гол ќе биде „ѕвездата“ на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, но нашиот селектор не делува премногу загрижено.
„Не сум доктор да барам лек за Левандовски. Мислам дека е и здрав и способен за игра. Најважно е како ние ќе се покажеме, а Македонија против сите селекции игра тимски и оди на победа“ – порача Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
