
Манчестер Сити не успеа да го донесе Деклан Рајс и се врти кон нови решенија во средниот ред. Капитенот на Вест Хем ќе потпише за Арсенал и ќе стане најскапиот англиски фудбалер, а Сити бара ново решение и наводно го нашол во Барселона.
Френки де Јонг беше желба на Пеп Гвардиола уште во 2019 година, но холандскиот играч за врска тогаш реши да прејде во Барселона. Шпанскиот гигант му плати 86 милиони евра на Ајакс.
Сега Де Јонг има договор со Барселона до 2026 година, а медиумите на Островот пишуваат дека Сити ќе се обиде да го доведе и дека за тој трансфер ќе понуди исто како што понудија за Деклан Рајс, околу 105 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
