
Манчестер Јунајтед ќе се раздели со играчот за врска Марсел Сабицер и со напаѓачот Ваут Вегорст. И двајцата минатата сезона играа за „црвените ѓаволи“ на позајмица.
Сабицер ќе се врати во Баерн Минхен, додека Холанѓанецот треба да се врати во Барнли.
Австрискиот играч за врска одигра 18 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција.
Придонесот на Вегорст е два гола и три асистенции на 31 натпревар за „црвените ѓаволи“.
Тие двајца очигледно нема да бидат дел од плановите на тренерот Ерик тен Хаг за следната сезона и клубот нема да се обидува трајно да ги купи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн го продава Кингсли Коман
