
Доминик Шобошлаи, одличниот крилен играч на Лајпциг и капитен на унгарската репрезентација, во спектакуларен трансфер се пресели во Ливерпул. „Црвените“ во последен момент ја активираа откупната клаузула на Шобошлаи во висина од 70 милиони евра. Со оглед дека со играчот одамна се договорија за неговите лични услови, сега останува само формалноста на документацијата.
Со оглед на тоа што Ливерпул плати 70 милиони евра за него, Шобошлаи стана третиот најскап дојдовен трансфер во историјата на клубот. Пред него се само Дарвин Нуњез (80) и Вирџил ван Дијк (84,6 милиони евра).
Шобошлаи и со овој трансфер продолжи со историските достигнувања. Пред две години, со преселбата од Салцбург во Лајпциг за 22 милиони евра, стана најскапиот унгарски фудбалер досега.
Во 91 настап за бундеслигашот, тој постигна 20 гола и забележа 22 асистенции. Во двете сезони во Лајпциг го освои германскиот Куп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
