
Вардар ги почна подготовките, а „Комитите“ кои во моментов се раководство на клубот, најавуваат дека сепак доаѓаат многу подобри денови за најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Отпочнува акцијата „Купи сезонски билет“ од која се очекува и голема финансиска инјекција на клубот, а Милорад Миленковски открива дека клубот ќе има помош од неколку скопски општини, а од декември ќе влезе со редовен буџет за 2024 година и во Град Скопје.
„Вардар е клуб наа народот, кога е тешко секогаш се тука „Комитите“. Ова се можеби и најтешките моменти во историјата на клубот, но веруваме дека ќе истраеме во оваа борба и дека ќе го застанеме Вардар на здрави нозе. Верувам дека со некои работи кои треба да се случат во следниот период, тоа се Советите на општините и на Градот, очекуваме ребаланс на буџетот, Градот Скопје ќе влезе со редовен буџет за 2024, значи во декември, а дотогаш очекуваме на 20 јули кога е закажана седница на Советот ребаланс на овој буџет. Би сакал да ја најавам и нашата акција „Купи сезонски билет“, од која очекуваме народот да му ја даде поддршката на Вардар кога му е потребна“, изјави Милорад Миленковски, еден од лидерите на навивачката група Комити и фронтмен во активностите за клубот во овој цел изминат период.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
