Connect with us

Ал-Наср го носи Антоан Гризман за партнер на Кристијано Роналдо

Со отворање на огромниот пазар во Саудиска Арабија, сѐ повеќе играчи не можат да одолеат на профитабилните понуди од Блискиот Исток.


Се чини дека тоа ќе биде случај и со Антоан Гризман кој е блиску до преселба во Ал-Наср.

Неговите претставници се сретнале со сопствениците на арапскиот клуб во Лондон.

Французинот оваа сезона настапуваше за Атлетико Мадрид како позајмен играч од Барселона, а неговиот договор истекува на последниот ден од јуни.

Минатата сезона одигра 46 натпревари со 16 голови и 19 асистенции.

Кристијано Роналдо настапува за Ал-Наср и со Гризман имаше жестоки дуели додека Португалецот играше во Ла Лига. Сега би можеле да бидат соиграчи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови