Connect with us

Тонали плачел кога Милан му соопштил дека го продава во Њукасл

Играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали, не сакаше да се пресели во Њукасл. Договорот меѓу двата клуба сега е факт, иако не е официјално потврден.


Според информациите на „Ла Република“, италијанскиот интернационалец се расплакал кога дознал дека Милан ќе го продаде.


Трансферот на 23-годишниот играч за врска ќе донесе околу 80 милиони евра во касата на Милан. Солидна сума ќе добие и поранешниот клуб на Тонали, Бреша.


„Дали Сандро е среќен? Тој е мирен бидејќи знае дека кога ќе пристигне важна понуда од голем клуб, тешко е да се каже „не“. Кога сѐ ќе биде готово, Тонали ќе ги помине лекарските прегледи. Досега неговиот фокус беше на репрезентацијата“, прокоментира Џузепе Рисо, агентот на играчот од средниот ред.


Договорот на Тонали со Њукасл ќе биде на шест години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови