ПСЖ му понуди на Лионел Меси да остане на „Паркот на принцовите“, но тоа не му падна на памет на Аргентинецот. Навивачите никогаш не го прифатија, мислеа дека не се труди доволно и дека само дошол да ги земе парите. Нетрпеливоста дополнително кулминираше по финалето на СП во кое Аргентина ја совлада Франција. Во последните неколку кола навивачите го навредуваа Меси, па тој едвај чекаше да му истече договорот и да се спакува за Мајами.
Многумина веруваа дека има проблем меѓу Меси и Килијан Мбапе поради его и суета, но се чини дека не беше така. Згора на тоа, Аргентинецот покажа дека навистина го цени младиот Французин.
Француските медиуми објавија дека Меси разговарал со Мбапе неколку дена пред да замине од Париз, а тоа што му го кажал нема да им се допадне на навивачите на ПСЖ.
„Л’Екип“ објави дека Меси му рекол на Мбапе дека повеќе би сакал да замине во Барселона, но дека треба да оди во Реал Мадрид ако веќе има можност и ако тоа е негова желба.
„Повеќе би сакал да одиш во Барселона, но ако навистина сакаш да одиш во Реал Мадрид, тогаш направи го тоа. Заслужуваш вистински проект, победнички проект“, наводно му рекол Меси на Мбапе, верувајќи дека никогаш нема да може да ги постигне своите цели во Париз.
Пред една година напаѓачот на ПСЖ беше на прагот да се пресели во „кралскиот клуб“, но во последен момент се предомисли и реши да остане во ПСЖ каде стана убедливо најплатениот играч во тимот.
Мбапе има договор до следното лето и потоа може да замине како слободен играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“













